Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура во Крива Паланка синоќа беше отворена изложба на графики од младиот уметник Стефан Јакимовски.
Ова е четврта по ред самостојна изложба на Јакимовски од неговиот најнов циклус на графики, произлезен од дневникот на уметникот.
„Во сегашниот циклус графичкиот лист има форма на квадрат,кој асоцира на малите квадрати на рубиковата коцка, еден од пасиите на авторот. Секоја графика е енергичен ликовен запис на успешни композиции на линии, текстури и површини во различни техники на длабокиот печат“, подвлекува проф.-р Славица Јанешлиева од ФЛУ.
Јакимовски е дипломиран графичар и постдипломец на Факултетот за ликовни уметности. Член е на ДЛУМ, досега учествувал на повеќе ликовни колонии и на повеќе од 30 изложби во земјав и во странство.