×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на инсталации на уметницата Марина Цветановска-Мартиновска

    21.12.2022 11:12 | Сузана Николиќ

    Во салонот на Уметничката галерија во Куманово, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Празни не(д)остатоци“  Марина Цветановска-Мартиновска од Куманово.

    Изложба на инсталации на уметницата Марина Цветановска-Мартиновска

    Пред публиката ќе бидат претставени 6 инсталации - композиции од релјефи и просторни инсталации на академскиот уметник.

    Нејзините дела секогаш раскажуваат и во себе ги имплементираат прашањата за една лична, но истовремено и сечовечка приказна, како личен и универзален печат на еден простор, на едно историско време (идентитет), еден миг (сеќавање ), но и недостаток (духовна болка), инкорпорирани низ метафизичката димензија на празното и празнината, суштествените елементи на нејзиното творештво.

    Цветановска-Мартиновска е авторка кој зад себе има дваесет години творештво, а со тоа и сериозни ликовни презентации пред ликовната публика, станува збор за 10 по ред самостојна изложба во земјава и надвор од неа.