×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Јана Јакимовска во Куманово

    20.01.2021 10:38 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на НУЦК “Трајко Прокопиев“ - во Куманово, утре во 12 часот ќе се отвори изложбата на небесни пејзажи со наслов „Небо“ на ликовната уметница Јана Јакимовска.

    Изложба на Јана Јакимовска во Куманово

    На изложбата ќе бидат претставени 20 дела во техниката акрил на платно работени во последните 3 години.

    Во текстот за изложбата, историчарката на уметност Ана Франговска ќе рече: „Најновиот циклус дела на Јакимовска се пејзажи кои во класификацијата на пејзажното сликарство може да се окарактеризираат како небесни пејзажи бидејќи на нив две третини од композициската целост е посветена на небесните предели... Јана Јакимовска со своите дела ни нуди ,прозорец’ за бегство од реалноста во која живееме, нè носи во една поубава, посветла, похумана реалност, која во вонредни услови има покрај своја егзалтирачка природа и концептуална димензија - да делува психо-терапевтски на конзументот на нејзините дела.“

    Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. До сега има реализирано 18 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време се занимава со мурално сликарство.