×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на минијатури во Центарот за култура во Куманово

    14.03.2023 08:53 | Оливера Пешевска

    Во изложбениот салон на Центарот за култура во Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Јас и моите пријатели“, поставка на дела - минијатури и мал формат.

    Изложба на минијатури во Центарот за култура во Куманово

    На изложбата ќе бидат претставени педесетина дела од 29 автори од пет држави.

    „Во оваа време-невреме, кога владејат поделби на големи и мали, на вакви и онакви, кога во светот се водат непотребни војни, јас и моите пријатели, со оваа изложба сакаме да испратиме порака дека светот е доволно голем и сонцето подеднакво грее за сите нас“, изјави ликовниот уметник Мики Трендафиловски, иницијатор на изложбата.

     Кумановската публика ќе може да види слики, цртежи, графики, работени во разни сликарски и графички техники почнувајки од молив, туш, акварел, темпера, масло, акрил, акватинта.

    Ќе бидат изложени дела на академик Васко Ташковски, Ацо Филиповски, Данчо Ордев, Драги Хаџи Николов, Стојче Гоцков,Бранко Кончалиев, Зоран Јакимовски, Рајко Каришиќ, Драган Ѓорѓевиќ, Мирјана Шимуновачки Шуњевариќ, Мајпејкер Јонсул, Катарина Ѓорѓевиќ, Ѓуро Дрљача,Пламен В’лчев, Јасмина Пајовиќ, Марија Ефтимова, Зоран Арсовски - Бабата,Трајан Трајковски, Гроздан Крстевски, Цветанка Грнчарова, Никола Стојановиќ,Зорана Јовановиќ, Весна Маринковиќ Станковиќ, Анкица Верхас, Емилија и Стојче Тоциновски, Александар Стефановски и  Мики Трендафиловски.

    Изложбата ќе биде отворена до 27 март.