Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија на Музеј-Куманово утревечер во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Филип Фидановски, под наслов „Пикасо можеби јас“.
На изложбата ќе бидат прикажани 10 скулптури - портрети изработени во керамика, инспирирани од делата на големиот шпански уметник Пабло Пикасо, како и легенди на делата на кои ќе бидат претставени репродукции од оригиналните дела на Пикасо, од кој се инспирира уметникт.
Изложбата е дел од серија на изложби кои се во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија, по повод 140 години од раѓањето и 50 години од смртта на Пабло Пикасо и е дел од вонпрограмските активности на НУ Музеј - Куманово.