×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики „Фрагменти од светот на жената“ од Деа Салихи во Куманово

    01.09.2022 10:00 | Сузана Николиќ

    Во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј - Куманово, вечерва со почеток од 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академската уметница Деа Салихи од Куманово. 

    Изложба на слики „Фрагменти од светот на жената“ од Деа Салихи во Куманово

    Станува збор за нејзина прва самостојна изложба на авторката под работен наслов “Фрагменти од светот на жената“ на која ќе биде прикажана продукција од 20 ликовни дела, работени во различни ликовни техники на сликарство, графика и скулптура.

    Деа Салихи е родена 1997 година во Куманово. Дипломирала сликарство во 2020 година на Факултетот за ликовна уметност во Тетово, во класот на Проф.Решат Амети. Досега со своето творештво зела учество на повеќе групни изложби и ликовни колонии. Живее и работи како слободен уметник во Куманово и Тетово.

     За ликовната публика изложбата беше поставена до 15 септември 2022 година.