×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики „Кругови“ на Јовица Ивановски

    07.07.2021 06:23 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утревечер во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на слики со наслов „Кругови“ од авторот Јовица Ивановски од Куманово. Со оваа изложба Ивановски го обележува неговиот јубилеј- 30 години ликовно творење.

    Изложба на слики „Кругови“ на Јовица Ивановски

    Се работи за 25 слики (акрил и масло) од неговата најнова продукција е работена во последните неколку години и претставува продолжување на неговиот повеќегодишен претходно развиен концепт.

    Јовица Ивановски е роден 1962 година во Куманово и е самостоен ликовен уметник кoј реализирал неколку самостојни ( Куманово и Кратово ) и групни изложби од локален и меѓународен карактер. Учествувал на повеќе меѓународни ликовни колонии меѓу кои: Лесново Пробиштип 2003 год., Македонска икона Куманово 2008 год., Карпино Куманово 2012 год., Македонска икона Свети Николе- Немањци 2005 год., Фукушима - Интернационална изложба 2018 год. Скопје, Куманово, Кавадарци, Струмица, Битола, Охрид.

    Живее и работи во Куманово.

    За својата најнова самостојна изложба “Кругови“ Ивановски ќе запише:“...Кругови како неизбежна космичка мистерија. Како повеќе планети кои универзумот го прават дуален балансирајќи го доброто и злото. Свој свет е сосредоточен во бескрајната плејада од илузии, или можеби е реален живот на непознати чудесија. Еден мулти планетарен двобој на различни сили, каде техничката цивилизација преовладува, и духовната интелигенција прави натприродни напори за опстанок на човештвото, за промена на свеста, да човекот повторно биде само Човек ( духовно битие). Кругот има и свои световни допирни точки, тој е и ореол, каде беспрекорно се чувствува божјото присуство во нас, кое постојано тежи кон соединување на универзалната прамисла, постоењето и смислата од каде потекнуваме сите ние. Но за жал, постои и темната страна од нашиот живот, спротивно од нашиот Творец - „Светлоносец“, a тоа се злите ангели кои како витези, и лоши господари управуваат на земјиното тло. Таа постојана борба се води не само гope на небото туку и внатре во нас , во нашето бојно поле наречена Душа!!! Оттаму и кругот како неисцрпна инспирација за една праисториска вечна тема која се повеќе е присутна во нашето денешно живеење...“

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 22. јули.