×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики на Андријана Мациев во Куманово

    14.10.2021 08:19 | Сузана Николиќ

    Во Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики со наслов „Шарени вибрации – Разбуди се! Погледни во сонцето и насмевни се!“ од авторката Андријана Мациев. 

    Изложба на слики на Андријана Мациев во Куманово

    Се работи за дваесеттина дела работени во последната година, во техниката акрил на платно и претставуваат дел од нејзината најнова продукција.

    „Делата се работени во период којшто беше голем животен предизвик за неа во здравствена смисла. Притоа околностите имплицираа и одредени состојби и влијанија на самиот творечки опус иако не предизвикаа радикално менување на ликовниот ракопис. Основните постулати врз коишто Мациев ја градеше својата концепција на автор со експресивен ликовен израз остана ист, иако енергетскиот изблик којшто го еманираа делата беше варијабилен во зависност од внатрешната психичка состојба во којашто се наоѓаше авторката. Вредноста на оваа сликарска збирка на Андријана Мациев е токму во посочувањето на потребата од позитивна мисла, истрајност и бескомпромисна борба со самите себе во насока на формирање на здрави личности како претпоставка за долгорочна перспектива на идните генерации“, вели Роберт Цветковски, историчар на уметност.

    Андријана Мациев (41) е родена во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф. Димитар Малиданов. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Здружението Широка Стаза од Земун. Имала 30-тина самостојни изложби и учествувала на повеќе од 100 тина групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од
    државата. Учествувала на ликовни перформанси во склоп на културните денови во Кочани, Скопје, Кавадарци, Крива Паланка и др. Добитник е на повеќе награди и признанија.