Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, од утре па до 25- декември ќе биде поставена изложбата на сликите на авторот Влатко Тасевски.
Изложбата содржи дваесетина слики работени во техника масло на платно кои се дел од најновата продукција на Тасевски.
Влатко Тасевски е роден во Куманово, а неговиот допир со уметноста датира уште од пет годишна возраст, кога над станот на баба му живеел еден уметник од којшто ги научил основните работи околу сликарството. Потоа животот го однел во друг правец и професионално се занимавал со ракомет, но решил повторно да ѝ се врати на уметноста.
Влатко е самоук уметник, смета дека уметноста е слобода и ако навистина сте посветени и работите на подобрување на вашата уметност секој ден, ќе ја постигнете вашата цел. Инспирација за сликањето црпи од секојдневниот живот. Користи акрилни и маслени бои и најчесто се изразува преку портрети.