Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата на слики на актерот во пензија Илија Струмениковски.
Се работи за 25 дела работени на хартија кои се создадени последниве две години и се продолжение на циклусот што беше презентиран пред публиката во 2006 година. Колоритот е сведен на три основни бои и тоа темно црвена, сина и окер боја како персонификација на огнот, земјата, воздухот и водата. Човекот , коњот и птицата се стилизирачки елементи преку кои авторот ги изразува своите емоции. Во својот сликарски опус тој внесува трансперентни, развејани, растегливи, меки човечки фигури кои ја покажуваат тагата, болката и тежината на постоењето.
Изложбата ќе трае до 21 февруари.