×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики на канадскиот уметник Мајкл Клос во Куманово

    01.09.2022 15:04 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики на авторот Мајкл Клос. 

    Изложба на слики на канадскиот уметник Мајкл Клос во Куманово

    Се работи за најновата продукција на 25 слики од овој автор, работени во рамките на повеќегодишниот проект “Сликарството на патот на хуманоста“. Клос е канадски уметник со македонски корени. Роден е во Торонто, а дипломирал сликарство во Канада.

    Досега има реализирано околу 130 самостојни изложби во многу локални, интернационални и национални галерии низ светот. Доволно е да се издвојат само изложбите во некои земји: Романија, Соломонските острови , Виетнам, Словенија, Хрватска, Турција, Египет, Франција, Германија, Русија, Казахстан.

    Голем дел од изложбите се дел од проектот „Сликарството на патот на хуманоста“ којшто Клос  континуирано го реализира со неговата сопруга Менка, историчар на уметноста и кустос. 

    Над 40 години,  Клос  претежно во Канада, работел на филм, ТВ и во театар, како сценограф и уметнички директор, а понекогаш и како актер.

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 14. септември 2022 година.

    О. Пешевска