Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев “ – Куманово, утре со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Неготино 2020“.
На изложбата ќе бидат претставени околу триесеттина слики од авторите учесници на колонијата а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со повеќе детали и од печатениот каталог којшто ќе биде дистрибуиран. Отворањето ќе се спроведе со сите здравствени протоколи пропишани за овој вид на галериска активност.
Инаку, во изминатите две години во Неготино, во последната недела од месецот јуни, се одржуваше ликовната меѓународна колонија „Неготино“ во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи“ во Неготино. Проектот е подржан од Министерството за култура и Општина Неготино а во организација на општинската установа Музеј на град Неготино.
Минатата 2020 година, заради настаната ситуација со пандемијата, ликовната колонија се реализираше во домашни услови, а завршната ликовна изложба беше презентирана во дворот на Музеј на град Неготино.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 26.05.2021.