Изложба на уметничка фотографија по повод 75-годишнината на Фото-кино клубот Козјак
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово синоќа беше отворена традиционалната изложба на уметничка фотографија „Мајски салон“, која ја организира Фото-кино клубот „Куманово“, по повод 75 години од постоењето на клубот.

На изложбата се постевени најуспешните дела на членовите на клубот, а се одржува во 15 пат во Куманово.
„Имаме изложени околу 60 дела. Триесет од автори, членови на нашиот клуб, фотографи кои усешно го завршија нашиот курс, како и дела на ученици од „Перо Наков“. Тука е и поставка од околу 30 дела на уметничка фотографија насловена “Различни погледи” од збратимениот клуб од Марибор, Словенија“, изјави Милош Нешковски, претседател на Фото-кино клуб Козјак.
Тој додава дека нивните манифестациите имаат за цел да го презентираат и надополнат естетскиот сенс за уметничката фотографија и филм, кој го градат 75 години. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваат на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК “Козјак”.
Изложбата е отворена во наредните 10 дена,до 18 мај.