Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На спортскиот аеродром „Аџитепе” – Куманово, во недела од 11 до 14 часот ќе се одржи изложба и презентација на воени возила и опрема во организација на АРМ, во соработка со Амбасадата на САД и Општина Куманово.
„Посетителите ќе имаат можност непосредно да разгледаат воена и цивилна воздухопловна опрема и возила. Возила и опрема: Хамви со митралез 50 калибар, Хамви со фрлач на гранати Mk19 40mm, Амбулантно возило, Хамви со минофрлач 120мм, Хармелин, JLTV, Оклопно возило кобра , АБХО возило – форд, Падобранска опрема, Алпинистичка опрема , Нуркачка опрема, АБХО опрема и друга опрема. Воени воздухоплови:CH 47 (Chinook), AH 64 (Apache), MI 8-17, UH 60 ( Black Hawk), како и спортски воздухоплови“, стои во најавата на изложбата.
Посетителите ќе можат да ја погледаат и изложбата на цртежи на учениците од средните општински училишта, кои што цртаа за оваа пригода, а за музиката ќе биде задолжен оркестарот “Синфониум” од Гимназија “Гоце Делчев”.
За посетителите е предвиден превоз од постојка над Занаетчиски Дом до локација Спортски Аеродром “Аџитепе”, со поѓање во 11:00, 12:00 и 13:00 часот.
Враќање од спортскиот аеродром во 11.30, 13:30 и 14:30 часот.