Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во салонот на Уметничката галерија во Куманово вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата “Окно“ на академските сликари Стефан Анчевски и Ана Јовановска, двајцата од Куманово.
„Се работи за алтернативна форма на уметност, подни инсталации на делата што ги изработија Анчевски и Јовановска. Дел од нив и порано кумановската јавност можела да ги види на различни локации во градот во 2021 година како уметнички инсталации“, изјави Драгана Спасковска, од Музеј Куманово.
Стефан Анчевски е роден во 1993 година во Куманово, а дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2017 година. Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство и на повеќе ликовни колонии.
Ана Јовановска е родена во 1991 година во Куманово.Магистрира при Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија како графичар (2016). Работи како уметник и графички дизајнер.Има 10 самостојни изложби во Северна Македонија и странство и учествува на повеќе од 100 групни изложби.
Изложбата е вонпрограмска активност на Музеј Куманово и ќе трае до втората половина на јуни.