Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19 часот ќе започне музичко-театарскиот перформанс, а во 20,30 часот ќе биде отворена изложба на слики на ликовниот уметник Александар Стефановски.
“Музичко - театарски перформанс како увертитра на изложба е еден вид прераскажување на самата изложба во форма на различни интерпретации како: дијалог , глума , стенд-ап , џез пијано , виолина , гитара , соло пеење , арт перформанс и џез перкусии. Идејата е да со музика и глума се направи интересен увод во самата изложба и нејзината првична цел, истражување на различни стадиуми на спокојност и мир на душата. И затоа и самите платна и слики ќе бидат покриени за присутните да се концентрираат на уводот аудитивно за да уживаат по отварањето на изложбата визуелно. А, во визуелната конотација Спокојот се крие помеѓу контрастот на мирното и хаосот, помеѓу темното и светлото“, објаснува уметникот Стефановски.
На изложбата ќе бидат претставени 24 дела, графики и цртежи на авторот.
Изложбата ќе биде поставена до 30 ноември.