Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија “Жените и фотографијата“.
Изложбата е во организација и координација на Фото клубот “Куманово“.
Поставката брои околу 40 фотографии на дваесетина авторки на фото клубови од Куманово, Битола, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка и Кичево.
Минатогодишната клупска изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата„, оваа година прерасна меѓуклупска изложба, повторно во организација на новоформираниот клуб во нашиот град, а кој го носи името Куманово.