Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фоајето на Центарот за култура во Куманово утре /четврток/ со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба „Улица“ на уметникот Младен Трендевски- Трендо.
Замислата на изложбата е уметноста на графити и уличната уметност да се претстават на изложбата, што е ново и необично доживување за институцијата. Мурали и графити кои ги изработува во градот и низ нашата држава ќе бидат пренесени и претставени во фоајето на Центарот за култура.
Трендо е дел од Здружението „Форма“, кое работи го организира „Графити фест Куманово“, но изработи и голем број графити и мурали кои го разбиваат сивилото на градот, создавајќи галерија под отворено небо.
Во повеќе наврати уметникот потенцира дека тоа е и првичната негова намера, но и на другите соработници од здружението Куманово да стане препознатлив по оживеаната архитектура, нагласена преку нивните дела.
Младен Трендовски-Трендо е магистер на технички науки од областа на геодезија на Градежен факултет во Скопје.
Изложбата беше закажана за минатата недела, но беше пролонгирана поради убиството на Вања во Скопје.