×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Измама на интернет - наместо да им уплатат им подигнале пари од трансакциска сметка

    30.08.2022 15:02 | Сузана Николиќ

    37-годишна кумановка останала без 15.000 денари, откако нејзиниот малолетен син ја дал сметка и пин кодот на банкарската картичка на непозната жена за да му уплати пари за монитор. 

    Измама на интернет - наместо да им уплатат им подигнале пари од трансакциска сметка

    Мајката ја пријавила измамата во полиција и кажала дека парите од нејзината транскациска сметка во банката биле подигнати без нејзино одобрување.

    „Според пријавеното, нејзиниот малолетен син на интернет страница објавил продажба на монитор, по што на 13.08.2022 едно женско лице на вибер остварило комуникација со него. Лицето побарало од нејзиниот син трансакциска сметка и пин бројот од банкарска картичка за да може да му пушти пари, по што тој ја дал сметката и пинот од картичката. Кога мајката отишла даја провери состојбата на сметката, сфатила дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Куманово.