Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Непознато лице измамило сопружници од Куманово, дека ќе им донесе дрва, а откако ги земал парите побегнал.
Во СВР Куманово, 67-годишен маж од Куманово, вчера пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200 евра. Според пријавеното, лицетo му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани.
Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, само да му донесе испратница, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга ги побарало парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.