×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Измамници праќаат лажни СМС пораки во име на УЈП, граѓаните да не одговараат

    13.02.2023 12:02 | Сузана Николиќ

    Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

    Измамници праќаат лажни СМС пораки во име на УЈП, граѓаните да не одговараат

    Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина: Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija. Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.

    Управата за јавни приходи апелира да не се отвораат овие СМС пораки и да не се отвора линкот, а доколку некој го отворил линкот, да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што истите можат да бидат злоупотребени.

    Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

    Пред неколку дена случно предупредување испрати и Министерството за внатрешни работи (МВР). 

    До МВР пристигнале пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, во која примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено.

    Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку вибер-линк.