×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изнесените невистини ќе мора да ги докаже на суд, кажа Димитриевски откако бизнисменот Спасовски го обвини за злоупотреба на функцијата

    02.05.2023 14:13 | Сузана Николиќ

     Секој може во јавноста да изнесе било што, и секако дека ќе следуваат соодветни законски постапки. Не ја изгледав целата емисија до крај, бидејќи не го заслужува моето внимание. Беа изнесени многу невистини и јас тоа ќе го докажам во легитимна судска постапка, кажа градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на днешниот брифинг со новинарите, по обвинувањата на бизнисменот Бобан Спасовски дека ја злоупотребува својата положба за коруптивни дејствија.

    Изнесените невистини ќе мора да ги докаже на суд, кажа Димитриевски откако бизнисменот Спасовски го обвини за злоупотреба на функцијата

    „Ме изненадува фактот што таму слушнав дека се зборува за одредена дарежливот. Па ако имало дарежливост се прашувам зошто господинот го прикривал таквото дело, според  мене Јавното обвинителство треба веднаш да постапи и по допрен глас да ги испита тие наводи. Ирелевантно е да дискутирам за сето тоа, се работи за политички обвинувања, бидејќи поединци кои вршеа притисок кон мене и општинските служби се одлучија на ваков начин да ме омаловажат и дискредитираат“, изјави Димитриевски.  

    Тој смета дека кога човек е на висока функција секогаш има простор за многу шпекулации, и дека одредени стопанственици се обидуваат да ја контролираат судбината на градот и на граѓаните.

    „Јас никогаш нема да дозволам личниот интерес да се стави пред јавниот, во оваа ситуација издавањето на таа дозвола е спорна затоа што има реакција од гимназијата „Гоце Делчев“, бидејќи со реализација на тој градежен мегаломански проект се загрозува нивниот јавен интерес, а нема ни одобрение од сите надлежни институции. Јас сум подготвен да одговарам за своите постапки. А кој за кога бил дарежлив, имам слушнато информации дека во минатото некои луѓе биле многу дарежливи во однос на поединци тука во општината, и луѓе кои генерално се активни во политичкиот и општествениот живот. Но, кон мене нема даржливост, бидејќи јас со тие луѓе ни кафе немам испиено“, кажа Димитриевски.

    Пред неколку дена бизнименот Бобан Спасовски во емисија на Телевизија Плус, го посочи градоначалникот како дел од урбаната мафија и наведе дека во неговата работа има коруптивни дејствија во повеќе сектори, како што е превозот, јавното осветлување и урбанизмот.

    „Јас прашувам јавно бидејќи добив информација, дали е точно дека сумата што ја добиваат превозниците за бесплатен јавен превоз 30 отсто ја враќаат назад? Па тое е криминал, тоа е рекет. Постојано има обвинувања за урбана мафија, но кој ја создава. Ако инвеститорите се делат на подобни и неподобни, на дарежливи и недарежливи, а тоа го прави врвот, двоецот, јас велат дека основачот е токму првиот човек на градот- кметот, додека негов управител е началничката. Ако мене ме прашате во која група сум јас, во оние неподобни и недарежливи во последниот мандат. Меѓутоа во првиот мандат без непоскуван и неподобен, но бев малку дарежлив и нешто се движеше без никави привилегии“, кажа Спасовски.

    Спасовки го праша градоначалникот дали станот во кој се преселил и сега живее, кој е на туѓо име, му е подарок од градежниот сектор, и дали викендичката му е реновирана од фирми кои имаат договор со општината.

    Овие обвинувања предизвикаа големи реакции во кумановската јавност, која побара да се вклучат и правосудните органи за да се утврди кој ја зборува вистината.