Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во раните утрински часови, во период од 5 до 8 часот на подрачјето на Општина Куманово се изврши дезинсекција на зелените градски површини со третман против крлежи.
Третирани се зелените површини на Соколански парк, на плоштадот пред Ну Центар за култура “Трајко Прокопиев”, на плоштадот Нама, Спомен костурницата и локалитетот Кошеви.
Во истиот период, утре,23 август, ќе се изврши третирање на зелената површина на Градскиот кеј и Градскиот парк. При извршување на третманот ќе се користи препаратот „цимина плус“.
Утринава, со почеток на полноќ, се изврши и адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци. При извршување на третманот користен е препаратот „Аква Котрин“,на германскиот производител Бајерн.
Од почетокот на летото третирнаи се на неколку наврати и ларвицидни и адултицидни форми на комарци. Против крлежите ова е втор пат да се третираат зелените површини.