Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Непознати лица ја скршиле влезната врата и одзеле пари од црквата „Света Богородица“, во месноста Забел, Општина Старо Нагоричане.
Кражбата се случила минатата недела, по што случајот бил пријавен во Кумановската полиција.
„Со употреба на сила било влезено во црквата во м.в. Забел, Општина Старо Нагоричане и биле одземени пари. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
И минината година на почетокот на септември, црквата беше мета на крадци, кои одземаа пари и други предмети.
Црквата го слави празникот „Голема Богородица“, на 28 август кога ја посетуваат голем број на верници од државата и од соседството.