×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јанкулоска: Дамјановски не го решава сообраќајниот хаос

    20.09.2013 15:41 | KumanovoNews

    Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска при денешната посета на Куманово упати критики кон градоначалникот и локалната валст дека не преземаат никакви мерки за надминување на сообраќајниот хаос во градот.

    Јанкулоска: Дамјановски не го решава сообраќајниот хаос

    Куманово е еден од ретките градови во државата и единствен по незинтересираноста на локалната самоуправа и несоработката со институциите. Овде се соочуваме со една апсурдна ситуација каде што една голема општина одбива да ги врши своите законски надлежности. Се однесува целосно незаинтересирано иако обезбедувањето на паркинг просторот, регулацијата на сообраќајот и сообраќајниците во градот се примарна надлежност на локалната самоуправа. Ние работиме во интерес на граѓаните и она што е во нашиот дел на надлежности ние го правиме, ќе продолжиме со контроли во сообраќајот. Сакам јавно да ја повикам локалната самоуправа да се однесува сериозно и да ги остави на страна политичките калкулации во интерес на граѓаните - вели Јанкулоска.

    Министерката смета дека локалната власта е виновна за хаосот во сообраќајот, пред се заради недостигот на места на паркирање, тесни, необележани и раскопани улици.

    Локалната самоуправа не прави ништо што е во нејзина надлежност и најголемата забелешка се однесува на нивното неработење. Локалниот сектор за сообраќај не функционира во обезбедување на безбедни сообраќајни решенија, кои ќе помогнат за подобрување во сообраќајот. Сообраќајот е во хаос а се почесто се случуваат сообраќајни несреќи со смртни последици.-додаде министерката.