×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јанкулоска во посета на Старо Нагоричaне

    14.04.2014 15:47 | KumanovoNews

    Носителот на изборна единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Гордана Јанкулоска, денеска се сретна со жителите на селата Челопек и Алгуња во Општината Старо Нагоричане.

    Јанкулоска во посета на Старо Нагоричaне

    При тоа ги претстави проектите кои се реализираа во изминатиот период, а најави и нови.

    Украинска компанија за преработка на бакар, во март 2014 година донесе одлука да инвестира во Македонија. Инвестицијата е вредна 200 милиони долари, со план за вработување на 500 лица. Компанијата планира најпрво да направи детални геолошки истражувања на три наоѓалишта во Македонија. Едното од нив е токму во Старо Нагоричане. Процесот на истражување се очекува да заврши до крајот на 2014 година, по што ќе следи изградбата на фабриката, која ќе биде во близина на рудникот, изјави Јанкулоска.

    Таа потесети дека во Старо Нагоричане се отвори народна кујна, со цел да се излезе во пресрет на потребите на старите и изнемоштени лица кои се наоѓаат во исклучително тешка социјална положба.Исто така земјоделците од оваа општина редовно добиваат субвенции кои ги доделува државата.