×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јапонската амбасада донираше 60.000 евра за ехо апарат за Општата болница во Куманово

    24.02.2021 15:33 | KumanovoNews

    Преку програмата за помош на човекова безбедност од страна на амбасадата на Јапонија во нашата држава, денеска беше потпишан договор за грант, со кој ќе обезбеди дигитален апарат за ултразвук за Интерното одделение во Кумановската болница, во вредност од 60.000 евра.

    Јапонската амбасада донираше 60.000 евра за ехо апарат за Општата болница во Куманово

     Градоначалникот Максим Димитриевски,  посочи дека Општина Куманово, има успешна долгогодишна соработка со Јапонија и се заблагодари за донацијата во овој клучен период за безбедноста на граѓаните.

    Амабасадорот на Јапонија во земјата, Хиронори Савада рече дека е пресреќен што оваа програма успешно опстојува во Македонија.

    „Уште од далечната 1996 година, благодарение на врвните партнери со кои соработуваме, досега имаме имплементирано вкупно 148 проекти, од кои 47 се во здравствените институции. Заклучно со минатата година, сумата изнесува 7 милиони евра. Надминувањето на корона кризата е светски предизвик, и среќни сме што можеме да ги поддржиме медицинските институции во вашата земја. Во рамки на програмата, 6 договори ќе бидат потпишани во февруари, а неколку се надеваме и во март,“ објасни амбасадорот.

    Пред 5 години, болницата доби и возило за транспорт на пациентите но и апарат за анестезија, кои се користат во секојдневните задачи.

    „Со буџетот кој го имаме како болница, не можеме да набавиме нова, а ниту да ја замениме старата која е амортизирана. Затоа, се обративме до Вас за помош и сме среќни што го одобривте нашиот проект. Со новиот дигитален ехо апарат, пациентите од одделот за интензивна нега и интерното одделение, ќе имаат можност за комплетна дијагностика на самиот оддел, без одење во сосема друг објект,“ рече директорката Снежана Захариева.

    Услугите од новата донација, ќе ги користат скоро 200.000 граѓани од Североистокот, бидејќи Опшатата болница во Куманово е единствената во регионот.

    (Д.Давитковски)