×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јапонската амбасада донираше кардиолошки ехо апарат од 60 илјади евра на Општата болница Куманово

    05.12.2022 13:37 | Сузана Николиќ

    Интерното одделение во Општата болница Куманово доби кардиолошки ултразвучен апарат во вредност од 59.094 илјади евра донација од Јапонската Влада. Апаратот се користи на интензивната нега за откривање на интерните болести.

    Јапонската амбасада донираше кардиолошки ехо апарат од 60 илјади евра на Општата болница Куманово

    „Овој апарт е многу потребен на нашата болница, која опслужува 6 општини не само со дијагностички методи и амбулантски прегледи,  туку и со хоспитален третман на сите пациенти што имаат потреба од болничко лекување. Улразвучниот апарат ни беше неопходен за итните случаи коишто доаѓаат било со кардиолошка патологија или со некои други ургентни состојби, за кои е потребен преглед на софистициран апарат заради брза дијагностика и ефективно третирање на истата. Со овој апарат спасени се многу животи, особено на млади луѓе кои не знаеле дека имаат срцеви проблеми и никогаш предходно не направиле преглед“, изјави директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева.

    Амбасадорот Савада Хиронори денеска присуствуваше во Куманово по повод затворањето на грантот од програмата ГГП(GGP), преку кој Јапонија финасираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од 3 милиони евра во медицинска опрема, реновирање на клиники и набавка на возила за брза помош, меѓу кои и апаратот за Кумановската болница.

    „Драго ми е што за една година со овој апарат се извршени повеќе од 500 прегледи. Со помош на новиот ехо апарат пациентите од 6 општини во Севериосточниот регион добиваат навремена дијагноза и прецизна терапија. Јапонскиот народ е среќен и горд што помага на македонскиот народ да има поквалитетни здравстевни услуги“, кажа амбасадорот Савада, кој додаде дека досегашната јапонска поддршка на земјава изнесува 8.5 милиони евра за 171 проект.

    На промоцијата присуствуваше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој кажа дека Општина Куманово има одлична соработка со Јапонската амбасада и реализирани се поголем број на проекти. Тој најави збратимување со некој јапонски град.