“Јоцо Турс“ организира превоз за “Пиво фест“
16.07.2013 10:05
| KumanovoNews
Од четврток до недела туристичката агенција “Јоцо Турс“ организира автобуски превоз до Прилеп за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на манифестацијата “Пиво фест“.

Тргнувањето од Куманово е во 15.30 часот, а за назад од Прилеп се тргнува во 2 часот по полноќ. Има голем интерес засега од граѓаните, посебно за петок и сабота, бидејќи утредента не се оди на работа. Оние кои сакаат да патуваат за Прилеп треба однапред да резервираат билет - велат од “Јоцо Турс“.
Повратниот билет до Прилеп и назад чини 450 денари. “Јоцо Турс“ неколку години наназад организира превоз за посета на фестивалот на пивото во Прилеп.