Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Современиот начин на живот бара современи инфраструктурни решенија прилагодени на времето во кое живееме. Затоа во програмата „Најдоброто за Куманово“ во мандатниот период 2021 – 2025 година предвидуваме реален и финансиски издржан патоказ за развој на инфраструктурата, кажа кандидатот за советник на СДСМ Александар Јовановски, на денешната прес-конференција.
„Примарна цел претставува поврзување на Куманово со регионот со цел развој на локалната и регионалната економија. Во таа насока, предвидуваме продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ и негово поврзување со автопатот Е – 75 со што ќе се растерети сообраќајот и ќе се овозможи брз проток на возила, односно ќе се избегне метежот низ центарот на градот.Само од буџетот на општината предвидуваме околу 60 милиони денари годишно, односно околу еден милион евра за изградба на нови и реконструкција и проширување на постојните сообраќајници, со што ќе ја зголемиме безбедноста на учесниците во сообраќајот и ќе го подобриме сообраќајниот крвоток на градот“, кажа Јовановски.
За решавање на долгогодишниот проблем со паркинг места предвидуваме изградба на три нови катни гаражи со вкупно 1418 нови паркинг места.
„До крајот на мандатот ќе обезбедиме промена на примарната водоводна и канализациона мрежа согласно најмодерните стандарди и изградба на мрежа во населени места каде што нема, со што ќе овозможиме граѓаните да имаат современ систем на водоснабдување. Паралелно со овој процес, со цел заштитана животната средина и намалување на трошоците на граѓаните и индустријата, имаме план за забрзана гасификација на Куманово. За да станат овие проекти реалност, неопходно е да направиме добар избор за најдоброто за нашата општина. Да заокружиме број 12!, ги повика Јовановски граѓаните.
Ивана Алексовска