Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По петгодишно работење се покажува оправданоста за основање на ЈП„Куманово-план“, кое остварува резултати и на оперативен и на финансиски план, е заедничка оценка на мнозинството во Советот на Општина Куманово.
Изминатата година претпријатието остварило добивка, но и ги намалило расходите , со што уште повеќе се ефектуираат резултатите, а ВД директорот на ЈП„Куманово-план“, Бобан Николовски, потенцира дека за 2022 година го имаат досега најдобриот финасиски извештај по форма,суштина и транспарентност.
„Во однос на 2021 година претпријатието има остварено добивка од 428.637 денари и намалени расходи за 1.140.557 денари што е уште поважно.Со тоа остварената добивка за 2022 година е 1.693.346денари. Извештајот покажува дека претпријатието е постабилно, вработените можат да се мирни и ќе покажат поголема ефективност во работењето“, истакна Николовски пред советниците, на седницата на која се расправаше за финансискиот извештај на ова претпријатие.
Според директорот, донесените одлуки за преземање активности и начинот на кој ги спроведувале донеле резултати и во оперативата ,а не само во финансиското работење.
„ Подобрен е системот за работа, се знае што секој точно работи, а со цел за навремено и ефикасно испорачување на услугите, согласно договорените рокови. Во исто време, подобрена е и комуникацијата на ЈП Куманово план“ со секторите за урбанизам и за комунални дејности на Општина Куманово, што беше клучно за успехот.
Советниците од опозицијата констатираа дека успехот на фирмата е остварен и врз основа на приходите,кои се од нарачките на Општина Куманово,и затоа и во иднина работењето ќе зависи од ставот на локалната самоуправа кон претпријатието.
„Дел од приходите се остварени од проекти започнати 2019,2020 и 2021 година,а сега се завршени и прикажани како реализација. Но тоа не го намалува учинокот на овој субјект“, истакна Миле Андоновски,советник од редовите на Партијата на пензионерите.
Иако,на почетокот основањето на ЈП„Куманово-план“ било цел на критики од тогашната опозиција, по петгодишно работење се покажала оправданоста за основање на едно вакво претпријатие. Позитивно е што се избегнува ангажирање на надворешни фирми,кои најчесто ги штителе бизнис интересите,а воедно наплаќале за своите услуги од буџетски пари на општината. Но, советниците потенцираа дека е неопходно доекипирање на правниот субјект со стручни кадри за поекспедитивно и побрзо решавање на предметите од надлежност на јавното претпријатие и за донесување на поквалитетни урбани решенија во Куманово.
Финасискиот извештај на претпријатието за 2022 година беше прифатен и изгласан со 17 гласа „за“,шестмина беа против и 4-ца воздржани.