×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јубилејно 10-то издание на „Тумба фест“ утре во Куманово

    30.08.2022 17:28 | Сузана Николиќ

    Фестивалот на народна шегобијна песна „Тумба фест 2022“ ќе се одржи утревечер во Центарот за култура  „Трајко Прокопиев“ во Куманово. 

    Јубилејно 10-то издание на „Тумба фест“ утре во Куманово

    На фестивалот ќе настапат Елена Велевска, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Румиана Попова, Катерина Брезева и Соната, Душко Георгиевски, Нино Величковски, Анета Наковска, Ристо Краповски, Лилјана Прнаркова, Петар Нечовски, Мирослав Крстевски, Сашо Николовски, Методија Столески, Аце Трифуновски, Ирена Петрова, С`ни и Династија бенд.

    „Оваа година можеме да се пофалиме дека имаме елита од пејачи од македонската естрада. „Тумба фест“ е единствен фестивал во светот кој ги негува дијалектите. Минатата година се пееше на прилепски, битолски и валандовски, а оваа година на охридски и гевгелиски дијалект, и се разбира на кумановски. Тоа е мисијата на здружението „Етно ризница“, кое се занимава со зачувавање на културното наследство, особено во Североисточниот регион. Во случајот тоа е негување на дијалектите, но и на сите личности кои оставиле трага во богатото опстојување на Куманово, а истовремено работиме и на збогатување на културниот живот во градот“, изјави Драган Митевски, директор на фестивалот.

    На фестивалската вечер ќе бидат изведени 18 шегобијни песни на повеќе од 20 автори од македонската естрада.

    „Тумба фест е фестивал во кој се опејуваат македонските и кумановските сокаци, познатите меани, сите случувања од минатото и сега, повеќето од песните се вистинки приказни“, изјави Игор Трајковски, уметнички директор.

    Овогодишната сценографија на фестивалот ја осмисли ликовниот уметник Александар Стефановски.

    Ова е четврто возобновено издание на „Тумба фест“ и досега се снимени 73 македонски песни. 

    Картите по цена од 100 денари можат да се купат во Туристичка агенција „Зулу травел“.

    Фестивалот го организира Здружението „Етно ризница“ од Куманово, со поддршка на Општина Куманово.