Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актуелната локална власт на СДСМ, предводена од градоначалникот Максим Димитриевски на последните локални избори даде ветување пред граѓаните, дека ќе изгради цевковод Куманово-Липково.
Со најавениот проект предвидуваа ново зафаќање на водите околу езерото Глажња и изградба на нов доводен цевковод во должина од 18,4 километри со дијаметар Ф 609,9 ММ што ќе обезбеди сигурен доток до филтер-станицата во Куманово од дополнителни 500 л/сек, со што во подолг временски период ќе бидат задоволени потребите за вода на граѓаните на Куманово. Преку реализација на овој проект ќе се намали непотребната загуба на вода, со што системот за дотур на вода би бил економски одржлив, а воедно ќе се зголеми дотурот и ќе се подобри квалитетот на водата за пиење, кажа советникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Стошевски на денешната прес конференција.
„Како што можеме да видиме, и после четири години локалната власт сеуште Максим Димитриевски го нема отпочнато овој капитален проект. Како и останатите други ветувања за капитални инвестиции и оваа остана само празно слово на хартија, уште една предизборна лага на СДСМ со цел манипулација со граѓаните на општина Куманово. Оттука би сакале да прашаме: Зошто локалната власт предводена од Максим Димитриевски не отпочна со реализација на овој проект? Што правеше градоначалникот и владејачката СДСМ последните четири години во Куманово? Очигледно ништо, исто како и цели 30 години, апсолутна власт во Куманово. Ниту еден капитален проект не е завршен. Триесет години СДСМ преку своите градоначалници врши брутална експлоатација на општинските капацитети за партиски и лични потреби“, содаде Стошевски.
Тој ги повика граѓаните на престојните локални избори да стават крај на триесетгодишното пропаѓање на општината и конечно да се ослободи од корумпираните и криминални стеги на локалните шерифи од СДСМ.