×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кафеаните и кафулињата да работат до 18 часот, предлага Комисијата за заразни болести

    14.12.2020 12:12 | KumanovoNews

     Од 18 декември до 21 јануари кафулињата и рестораните да работат до 18 часот наместо до 21 часот, е новиот предлог на Комисијата за заразни болести, кој денес ќе ѝ го препорача до Владата за да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во престојниот период на празници.

    Кафеаните и кафулињата да работат до 18 часот, предлага Комисијата за заразни болести

    Министерството за здравство вели дека Комисијата ќе достави и препорака да нема групирање во станови за престојните празници, а ќе им препорача и хотелите да ги затворат своите ресторани по 21 часот.

    Комисијата, исто така, препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид собири во периодот на празниците.

    Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

    Во однос на верските празници, Комисијата за заразни болести укажува на тоа дека на сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

    Предлог на Комисијата е да се забранат секакви прослави во рамките на работните организации.

    Од Министерството велат дека на денешната седница на Комисијата имало и преставници на Независната угостителска комора кои го изразија несогласувањето со новиот пакет мерки што се однесува на реорганизација на работното време на угоститетелските објекти и доставија до Комисијата нивни предлози.