Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири пакувања со по 200 грама ТНТ експлозив, синоќа бил пронајден при претрес на три локации во Куманово, кој полицијата го изврши постапувајќи по оперативни сознанија за недозволено поседување на оружје.
Според МВР, акцијата уследила по налог на истражен судија, по што е извршен претрес на три локации во градот. При тоа се пронајдени четири пакувања од по 200 грама ТНТ експлозив, знаме на Илирида и друго. Приведени се Р.Р.(44) и Р.Ш.(38), а против Р.Р. ќе биде поднесена пријава под сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“. Истиот и порано имал кривични пријави за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и недозволена трговија со оружје.
За сега лицето и пронајдените предмети не се поврзуваат со терористичкиот напад во Гошинце, а претресот е дел од редовните контроли на полицијата која ќе продолжи да разгледува евентуално нови докази и добивање на дополнителни информации за уапсените - изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Јанкулоска, потврдува дека две лица се уапсени, а предметите кои што се пронајдени се дадени на вештачење.