×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Каматата нема да е повисока од главниот долг, со законските измени извршителите не можат веќе да ги ставаат граѓаните во должничко ропство

    19.07.2023 09:01 | Сузана Николиќ

    Пратениците од владејачкото мнозинство ги усвоија измените на Законот за извршување, со кои оној момент кога износот на каматата ќе го достигне главниот долг (кредитот), тука застанува. 

    Каматата нема да е повисока од главниот долг, со законските измени извршителите не можат веќе да ги ставаат граѓаните во должничко ропство

    Нема сумата да расте до бескрај, како што беше досега, кога граѓаните, на пример за кредит од 500.000 денари, враќаа 3,5 милиони денари и остануваа во должничко ропство.

    За измените, кои граѓаните ги чекаа со години, не гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица.

    Добрата вест е и во тоа што овие измени ќе важат и за постапките за извршување кои се во тек. Оттаму, набилданите суми за извршување до денеска, ќе се скастрат до висината на каматата колку што е главниот долг, без денар повеќе.

    Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

    Измените ги бараше Народниот правобранител особено силно последниве две години. До Собранието ги поднесе СДСМ, односно пратеникот Јован Митрески.

    Парламентарното мнозинство ги усвои и законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити.

    Со усвоиените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60 отсто од кредитот.

    Со ова се прекинува праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.