Каменуван автобус со фудбалери на наплатната рампа Романовце
09.06.2023 14:57
| KumanovoNews
Автобус со струшки регистерски таблички, кој превезувал фудбалери синоќа бил каменуван на наплатната рампа Романовце.

„Во 20.26 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна рампа Романовце дошло до инцидент. Неколку малолетници фрлале тврди предмети кон автобус со струшки регистарски ознаки, во кој се превезувале членови на младинска екипа на фудбалски клуб. Притоа, бил оштетен автобусот, повредени лица нема“, соопштуваат од СВР Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.