Мени

Камион прегазил крава на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово

26.02.2026 13:46 | KumanovoNews

На магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, синоќа околу 18 часот товарно моторно возило „Мерцедес“, управувано од Е.М.С. (59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава.

Камион прегазил крава на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово

Животното починало на местото на несреќата, а возачот го напуштил местото на настанот.

„По преземени мерки, Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка“, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Во Крива Паланка денеска ќе се одржи мирен протест на граѓани поради неконтролираното движење на говеда и штетите што ги предизвикуваат врз имотот и во сообраќајот.