×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кампања: „Безбедно возење со трактор"

    30.09.2021 11:43 | Сузана Николиќ

    Голем број возачи на трактори и работни машини не поседуваат соодветна возачка дозвола и голем број на трактори, мотокултиватори, приколки и други работни машини, учествуваат во сообраќајот, нерегистрирани, неосигурани, неосветлени и технички неисправни. 

    Кампања: „Безбедно возење со трактор"

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува кампања за безбедно учество во сообраќајот со земјоделска механизација и работни машини, со цел да ја подигне свеста за сериозните последици од неодговорното учество во сообраќајот со трактори и работни машини.

    Возачите на трактори и други работни машини, согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и согласно со Законот за возила, за да учествуваат во сообраќајот треба да поседуваат соодветна возачка дозвола и да управуваат со технички исправни и регистрирани возила.

    „Искуството од терен и податоците од Станиците за технички преглед на возила, покажуваат дека голем број возачи на трактори и работни машини не поседуваат соодветна возачка дозвола и голем број на трактори, мотокултиватори, приколки и други работни машини, учествуваат во сообраќајот, нерегистрирани, неосигурани, неосветлени и технички неисправни“, нагласуваат од РСБСП.

    Кампањата ќе се реализира на територијата на цела држава, во сите земјоделски региони, со поддршка на Министетрството за внатрешни работи и општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата, и други.

    Во рамки на кампањата РСБСП во соработка со МВР, ќе организира повеќе настани и активности и тоа: сообраќајни контроли, едукативни разговори и поуки со возачите на трактори и работни машини, дистрибуција на едукативни материјали, во прв ред, засилени активности за едукација на возачите на наведената категорија на возила, за потребата од поголема видливост на тракторите, приколките и другите работни машини во сообраќајот, дистрибуција на флуоросцентни траки, триаголници, ротациони светла итн.

    Од РСБСП, посочуваат дека ќе бидат реализирани и активности преку електронските и социјалните медиуми, со цел, за подигнување на свеста за последиците од неодговорното учество во сообраќајот со трактор, приколка, мотокултиватор, итн.

    РСБСП, исто така, упатува апел до возачите на трактори и други работни машини да бидат внимателни при управувањето со нив и да ги означат со законски пропишаната сигнализација, со цел да бидат видливи за останатите учесници во сообраќајот со што би се избегнале евентуални сообраќајни незгоди кои може да резултираат со повреди и загуби.

    „Безбедноста на возачите на трактори и на останатите учесници во сообраќајот секогаш треба да биде на прво место“, велаат од РСБСП.