Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Отсекот за превенција при СВР Куманово и основните и средни училишта во градот спроведуваат кампања за едукација и заштита на учениците од употреба на пиротехички средства за престојните празници.
Акцијата е интензивирана последниве денови, а се спроведува два месеци.
До тезгаџиите и дуќаните што продаваат новогодишни реквизити дадени се известувања и укажувања за казнените одредби за продажба на пиротехнички сретства. Во сите класови е прочитано соопштение за последиците од употребата на петардите, а училишните тимови имаат задача да работат со учениците и да ги санкционираа они кои не ги почитуваат препораките- велат вклучени во кампањата.
Според истиот извор намалена е употребата на пиротехнички сретства во однос на предходните години.