×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кампања за безбедно возење велосипед, организира Општината, Полицијата и Вело-М

    29.04.2021 13:23 | KumanovoNews

    Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во Куманово и велосипедски клуб ВЕЛО-М отпочнува кампања за безбедно возење на велосипед. Промоцијата ќе се одржи утре во 11 часот со ревијално возење на велосипеди низ улиците на Куманово.

    Кампања за безбедно возење велосипед, организира Општината, Полицијата и Вело-М

    „Ќе учествуваат околу 25 велосипедисти. Акцијата се организира со цел да се зајакне свеста кај другите учесници во сообраќајот за почитување на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, но и потсетување на велосипедистите дека треба правилно и безбедно да управуваат велосипеди во сообраќајот“, соопштува Општина Куманово.

    Стартот е на булеварот „Октомвриска револуција“, а ќе заврши на Градскиот плоштад каде полициски службеници ќе вршат контрола на возачите. На велосипедистите ќе им поделат флаери и друг рекламен материјал за безбедност во сообраќајот.

    (Фото.архива)

    (С.Н.)