×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кампања за зголемување на свеста за опасностите од споделување фото и видео материјали на Интернет

    05.10.2021 12:25 | Сузана Николиќ

    Сексуалната злоупотреба на деца на Интернет остава далекусежни последици врз жртвата, која мора да живее со сознанието дека фотографиите и видеата добиени преку злоупотреба на довербата може да се шират на Интернет во секое време и да бидат достапни за секого. 

    Кампања за зголемување на свеста за опасностите од споделување фото и видео материјали на Интернет

    Во соработка со полициите во регионот и Европол, МВР спроведува кампања чија цел е да им укажеме на децата и младите на опасностите и последиците што можат да произлезат од комуникацијата со странци на Интернет.  

    „МВР во соработка со Европол и полицијата на Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, започна меѓународна кампања „Кажи не!“  Според Европол, за  време на епидемијата, побарувачката за снимки од сексуална злоупотреба на деца се зголемила за 25 проценти во некои земји- членки на ЕУ.  За време на епидемијата, повеќето луѓе ја зголемија комуникацијата преку интернет, и како резултат на тоа, и криминалците се прилагодија на новиот начин на живот. Сексуалната злоупотреба може да се случи уште побрзо преку интернет, бидејќи сторителите брзо и анонимно пристапуваат до децата и младите преку каналите за разговор, веб -страниците и социјалните мрежи“, соопштуваат од МВР.

    Сексуалната злоупотреба на деца е сериозно кривично дело што има далекусежни последици за жртвата, така што борбата против сексуалната злоупотреба на деца е приоритет и за нашата држава и за Европската унија. Затоа, во соработка со Европол и полициите на повеќе балкански земји сакаме да ја подигнеме свеста и да спречиме вакви криминални дела.