Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Судиите и вработените во Основниот суд Куманово, се жалат дека на пеколните горештени не можат да работат нормално, бидејќи работните простории им се претопли и се препотуваат како во сауна.
Во судската зграда има 50 канцеларии за судии и судски соработници, а само 6-7 биле климатизери, додека останатите се оставени на природно ладење.
Вработените кажуваат дека најжешко и неподносливо за работа е во канцелариите кои неодамна беа доградени на третиот кат од зградата под кровот, како и просториите на јужната страна што цел ден ги пече сонце. Таму вработените и странките едвај дишат од неподносливата топлина, а често имаат и здравствени проблеми. Спас бараат со ролетни и вентилатори, кои малку помагаат.
Во канцелариите има повеќе од 40 степени, неможе да се дише а не да се концентрираш на работата. Често се случува да им се слоши на странките или судиите. Од денеска се судките ферии и малку ќе здивнеме, но пеколот не чека од 15 август кога ќе се вратиме на работа. Во меѓувреме секој од судиите има дежурства и итни предмети кои мораме да ги одработиме - велат вработени во судот.
Судска зграда пред неколку месеци беше доградена, реновирана и донесен нов мебел. На пуштањето дојде министерот Михајло Маневски кој рече дека судиите ќе работата во најсовремени услови. Уште тогаш судиите коментираа дека џабе нови маси и столчиња, кога не им вградија клими. Проблемот со климатизирањето е актуелен со години наназад, а мината година две судијки сами си купиле клима уреди во канцелариите затоа што неможеле да ги поднесат горештините. Како причина зошто нема климризери, надлежните се правдале дека судот нема пари.