×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Караванот за вакцинација денеска во Куманово, граѓаните можат да се вакцинираат на лице место

    19.10.2022 08:49 | Сузана Николиќ

    Под мотото „Заедно заштитени – вакцините делуваат“ денеска од Куманово започнува Караванот за информирање и вакцинација кој го организира Министерството за здравство.

    Караванот за вакцинација денеска во Куманово, граѓаните можат да се вакцинираат на лице место

    Караванот ќе биде на градскиот плоштад во Куманово во период од 10 до 12 часот, од 12.30 до 14.30 часот во училишниот двор на селото Черкези и од 15 до 17 часот пред зградата на Општина Старо Нагоричане.

    Граѓаните ќе можат да се информираат за вакцинацијата, но и да се вакцинираат на лице место.

    За време на настаните ќе има на располагање и услуги за мерење крвен притисок, организирани во соработка со Црвен Крст на Република Северна Македонија.

    „Караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за вакцините против ковид-19 и ќе овозможи вакцинација против ковид-19 на лице место“, информираат од Министертсвото за здравство.

    Караванот го спроведува Министерството за здравство со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО).

    Предвидено е да посети 24 локации во земјата.