Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една кумановска и три скопски фирми се казнети, затоа што продавале леб по повисока цена од 33 денари. Од Државниот пазарен инспекторат соопшти дека казните се над 30 илјади денари, а извршени се контроли во сите градови во државата.
„Во контролите се направени четири записници со утврдени неправилности, изречени се парични казни од над 300 000 денари. Казните се многу високи, тие се согласно Законот за трговија, дури и со Законот за заштита на потрошувачи, каде се движат од 500 до 10 000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра по одговорното лице во правното лице. Во Скопје се утврдени три неправилности и во Куманово една неправилност, односно ситуација каде што лебот не е по замрзнатата цена, односно беше над 33 денари“, вели Александра Котели од ДПИ во изјава за медиумите.
Вчера биле направени 190 контроли, а денеска на цела територија на земјата извршени се 234 проверки.