×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Казнети 170 возачи за брзо возење, 15 возила подигнати со „пајак“

    04.01.2021 12:31 | KumanovoNews

     На подрачјето на СВР Куманово во период од 31.12.2020 до 03.01.2021 преземени се мерки и активности и констатирано е дека 170 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 30 возачи, 11 возачи кои управувале под дејство на алохол и 19 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

    Казнети 170 возачи за брзо возење, 15 возила подигнати со „пајак“

    Од сообраќај се исклучени седум возила бидејќи биле нерегистрирани, санкционирани се три возачи поради неправилно престигнување, двајца поради движење во спротивна насока, тројца возачи поради непочитување на сообраќајни знаци.

    Во текот на изминатите четири дена издадени се 330 прекршочни платни налози, од кои 152 се за неносење на заштитна маска во време на пандемија, додека 15 возила се подигнати со специјално возило „пајак“ и 21 санкционирани возачи поради непрописно паркирање.