Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викендов на подрачјето на Куманово изречени вкупно 191 санкции, 149 за брзо возење.
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи на подрачјето на Куманово.
„Притоа санкционирани се вкупно 191 возачи, од кои 149 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 25 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирано возило. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти Кумановската полиција.