Казнети 211 возачи, 169 за брзо возење, 24 под дејство на алкохол
17.07.2023 12:37
| KumanovoNews
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

„Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 211 возачи, од кои 169 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 24 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирано возило“, соопшти МВР.