Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на вчерашниот ден од 12 до 16 часот на територијата на целата земја спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата констатирани се 66 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, девет за возење без сообраќајна дозвола, шест за користење мобилен телефон за при возење...
На вонреден технички преглед биле упатени осум возила.
„Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас“, соопшти МВР.