×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Казнети 83 возачи на територијата на СВР Kуманово - 19 возеле без возачка дозвола

    22.01.2023 21:10 | Сузана Николиќ

    Денеска (22.01.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Kуманово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

    Казнети 83 возачи на територијата на СВР Kуманово - 19 возеле без возачка дозвола

    „При контролата санкционирани се 83 возачи, од кои 19 за возење без возачка дозвола, 22 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 7 за истечена важност на регистрација и 5 мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

    Од полицијата велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.